Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска остварил средба со вршителот на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во Македонија, Никол Варнс, на која ја потврдиле заедничката определба за натамошно зацврстување на стратешкото партнерство меѓу двете земји.
-Разговаравме за продлабочување на соработката во областите на безбедноста, владеењето на правото и заедничкиот одговор на современите безбедносни предизвици, особено после нашата работна посета на САД и стратешкиот дијалог кој се одржа во Вашингтон, напиша Тошковски на својата Фејсбук страница.
Тошковски додава дека Македонија и САД остануваат силни партнери, со јасна заедничка цел за уште поцврста, поефикасна и стратешки поврзана соработка во интерес на безбедноста и стабилноста на целиот регион.
