Како што пишува „Телеграф“, Тозовац избегнал тешки последници бидејќи непосредно пред да биде хоспитализиран ја примил кинеската вакцина.

Предраг се чувствува одлично и денешните прогнози се дека ќе биде пуштен од болница за два до три дена. Тој беше примен со пневмонија и беше приклучен на кислородна поддршка заради претпазливост. Непосредно пред да се зарази ја прими и втората доза од кинеската вакцина, поради што немаше тешки симптоми – наведува извор за „Телеграф“.