Работни активности на патниот правец меѓу Прилеп и Битола

Ексградоначалникот на Скопје, Коце Трајановски кој е директор на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) денеска се обрати од работните активности меѓу на патниот правец меѓу Прилеп и Битола. Трајановски упати благодарност до премиерот Христијан Мицкоски, министерот Александар Николоски и амбасадорката на САД во земјава, Ангела Агелер.

Николоски: Од Скопје до Прилеп ќе се патува за час и десет минити, до Битола за час и половина

Трајановски упати благодарност до властите, се работи на деминирањето и експропријацијата

Дојдени сме сите овде денеска да го видиме прогресот во реализацијата на проектот чиј изведувач е Бехтел и Енка од трасата меѓу Прилеп и Битола во должина околу 40 километри. Во моментот има околу 6 километри фронт за работа. Благодарност до премиерот и министерот и институциите кои ни помогнаа на нас како ЈПДП да можеме да ги решиме проблемите кои беа овде за да може да почне да работи Бехтел и Енка. Сега ние сме еден чекор пред Бехтел и Енка. Ако претходно тие чекаа бидејќи не беше решена експропријацијата, не беше решено деминирањето, сега веќе тоа е решено. Веќе нема да плаќаме пенали, туку напротив Бехтел и Енка ќе треба да не следат нас, рече првиот човек на јавното претпријатие за државни патишта.

Од оваа локација се обрати и премиерот Христијан Мицкоски.

Мицкоски од патниот правец Прилеп-Битола: Очекувам до 2027 година да биде завршен, задоволен сум од работата на терен

Трајановски: Проектот ќе биде готов до 2027 година

Владата и институциите функционираат тимски и еве ги резултатите. Има околу 1300 катастарски парцели, остануваат уште 450 за експропријација. Еден од главните проблеми тука е деминирањето. Околу 500 хектари треба да се деминираат, деминирани се околу 100, најдени се околу 19500 ножни потенцијални експлозивни материјали, притоа се извадени околу 200 за следната траса. Благодарност до АРМ која го врши деминирањето. Овде биле првата и втората балканска војна, светските војни, па затоа ова беше многу важно. Се надеваме дека со ова темпо и овој прогрес за три години најдоцна оваа делница ќе биде готова. Ќе имаме подобри услови за градење, движење, развој, економија и бизнис. Ако ја земеме и обиколницата тоа практично ќе биде меѓународен пат на повисок ранк, односно ова ќе биде коридор 10д. Благодарност да сите кои помагаа за овој проект, заклучи Коце Трајановски.