Трамп составува тим
Американската, но и целокупната светска јавност е во исчекување на тимот кој ќе раководи со клучните позиции од новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.
Во предизборната трка, Трамп избегнуваше да коментира за идните назначувања, со тоа што место во неговата администрација јавно им вети само на две лица – Илон Маск и Роберт Кенеди Џуниор.
Уште од првиот момент прашање е кој ќе ги има клучни ресори, а засега познати се неколку имиња како Роберт Ф. Кенеди Џуниор ќе раководи со здравството, Даг Бургум ќе го води Министерството за внатрешни работи, а Марко Рубио ќе биде новиот државен секретар на САД.
Оваа вест се шпекулира уште од првиот ден по победата на Трамп, а нашата редакција уште тогаш направи листа на можни кандидати.
Роберт Ф. Кенеди Џуниор ќе раководи со здравството
Трамп го предложи Роберт Ф. Кенеди Џуниор да раководи со Одделот за здравство и човечки услуги.
Ваквата одлука Си-ен-ен ја опишува како „провокативна“, а според истакнатиот медиум овој потег ќе го стави на тест степенот на лојалност на републиканците кон идниот претседател, Доналд Трамп.
„Безбедноста и здравјето на сите Американци се најважната задача на секоја администрација. Секој мора да биде заштитен од штетните хемикалии, загадувачи, пестициди, фармацевтски производи и прехранбени адитиви кои придонесоа за здравствената криза во САД“, напиша Трамп на Твитер.
Тој ги увери Американците дека Кенеди ќе ја врати традицијата на златниот стандард на научни истражувања „за да стави крај на епидемијата на хронични болести и да ја направи Америка повторно голема и здрава!“
I am thrilled to announce Robert F. Kennedy Jr. as The United States Secretary of Health and Human Services (HHS). For too long, Americans have been crushed by the industrial food complex and drug companies who have engaged in deception, misinformation, and disinformation when it…
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) November 14, 2024
Американците со забелешки за Кенеди околу вакцините
Многу американски и европски медиуми го привлекоа вниманието на фактот дека за време на епидемијата на Ковид-19, Роберт Кенеди Џуниор беше еден од најистакнатите противници на вакцините, ширејќи теории на заговор за безбедноста и ефикасноста на вакцините.
Доколку биде потврдено, Кенеди ќе ги надгледува активностите според Законот за пристапна нега, Medicare и Medicaid.
Кенеди рече дека со нетрпение очекува да започне со работа во одделот за да ги ослободи неговите повеќе од 80.000 вработени од „задушливиот облак на корпоративна миризба за да можат да ја исполнат својата мисија да ги направат Американците повторно најздравите луѓе на Земјата“.
Роберт Кенеди е внук на убиениот американски претседател Џон Ф. Тој се кандидираше за Белата куќа како независен, но се откажа во август и го поддржа Трамп.
Даг Бургум ќе го води Министерството за внатрешни работи
Трамп најави дека гувернерот на Јужна Дакота, Даг Бургум ќе го води Министерството за внатрешни работи.
„Тој ќе го предводи Министерството за внатрешни работи и тоа ќе биде фантастично“, рече Трамп за ИТ милијардерот, кој е поранешен директор на софтверска компанија.
Бургум (68) се кандидираше против Трамп за републиканска претседателска номинација пред да се откаже и да стане лојален поддржувач на Трамп, појавувајќи се на собирачите на средства и бранејќи го на телевизија.
Ричард Гренел – најзвучно име за македонската јавност
Останатите имиња засега се шпекулации. Меѓу имињата, најзвучно за македонската јавност е името на Ричард Гренел кој важи за добар пријател на Македонија, особено на премиерот Мицкоски и министерот Муцунски. Останува да видиме на која позиција би бил тој.