Во Доха се очекуваат разговори по барање на Иран

Претседателот на САД, Доналд Трамп соопшти дека утре во Доха ќе се одржи средба меѓу американска делегација и ирански претставници. Според неговата објава, состанокот ќе биде организиран по барање на Иран.

„Иран побара состанок. Тој ќе се одржи утре во Доха“, објави Трамп на социјалната мрежа Трут Соушл.

Претходно денеска, извор запознаен со разговорите изјави дека во наредните денови во Доха ќе се сретнат и техничките тимови на Иран и на Соединетите Американски Држави.

Според истиот извор, тие тимови работат на спроведување на меморандумот за разбирање, а средбата ќе биде дел од тие активности.