– Мислам дека ќе го видиме претседателот Трамп повторно на социјалните мрежи за веројатно два до три месеци, со своја платформа, изјави Милер за „Фокс њуз”, но не даде други детали за таа нова платформа.
Милер рече дека платформата ќе биде голема и оти би требало да привлече милиони корисници.
Твитер, кој беше главната комуникациска алатка на Трамп за време на неговите претседателски денови, во јануари трајно го укина неговиот профил со 88 милиони следбеници. Неговата страна беше укината поради повеќекратно поттикнување на насилство и по немирите на неговите приврзаници во Капитол Хил.
На Трамп привремено или трајно му е забранет пристап и до други платформи и социјални мрежи како што се Фејсбук, Инстаграм, Јутјуб и Снепчат.