Трипуновски појасни дека ниту еден млад човек нема да сака да остане во државата поради катастрофалните политики на СДСМ кои континуирано го потценуваат трудот на земјоделските фамилии и работници во државата.
– СДСМ ги доведоа земјоделците до питачки стап. Оваа ситуација со короната малку стопира иселување на младите од државата . Кој млад човек ќе сака да живее во држава каде што гледа дека негивиот родител се мачи како црнец од утро до вечер на крај родот му го земаат или без пари или го фрла и тој млад човек нема да го задржоте во Македонија покрај она што е разнебитеност си уценето раководство. Никој не сака да живее во таква држава, посочи тој.
Дополнително, Трипуновски рече дека СДСМ континуирано ги злоупотребуваат државните институции кои треба да им служат на граѓаните за криминал и лично богатење и дека тоа е видливо од многуте сомнителни тендери на оваа власт.
– Во предизборната програма во 2016 СДСМ ветуваше дека ќе направи трансформација на Македонски шуми се со цел да го национализираат производството во Македонски шуми. Изминативе 4 години се случуваат такви тендери да се богатат локални моќници кои што ќе го земат тој тендер за набавка однсно сеча и дотур на дрвна маса по приватните складишта на Македонија каде што граѓаните ќе треба да ги плаќаат истите цена неколку пати повисока од тоа што треба да биде во складовите на македонски шуми. Класичен криминал, потенцираше Трипуновски.