Тој во телефонските разговори со палестинскиот претседател Махмуд Абас и политичкиот лидер на Хамас, Исмаил Ханиех, повтори дека Анкара ги поддржува целите на Палестинците и дека ќе застане покрај нив, соопшти кабинетот на Ердоган.
За време на телефонските разговори со палестинските власти, Ердоган остро ги осуди израелските напади врз Палестинците и комплексот џамии Ал-Акса во Ерусалим, предупредувајќи дека станува збор за тероризам, пренесе агенцијата Анадолија.
– Ги осудив овие подмолни напади што ја навредуваат совеста, не само на муслиманите, туку и на целото човештво. Нагласив дека ќе сториме сè за да го мобилизираме целиот свет, особено исламскиот, за да престане теророт и окупацијата, напиша Ердоган на Телеграм по разговорите, објави „Дејли Сабах“.