Денеска (06.10.2021) полициски службеници од СВР Скопје-Единица за недозволена трговија по добиени оперативни сознанија и добиена судска наредба, извршиле претрес во дом и други простории на Г,Ф. (29) во с. Долно Лисиче и други локации, информираат од МВР.

При претресите пронајдени се 40 кеси со марихуана со вкупна тежина од околу килограм и половина, дигитални ваги, како и амфетамин.

Лицето е лишено од слобода во ПС Аеродром за понатамошна постапка. По документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство.