Настанот се случил околу 23:55 часот, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Кисела вода, Отсек за потраги, на улицата „Стари Новакиња“ во Драчево, по добиена судска наредба, го лишиле од слобода 31-годишниот М.Н. од Скопје.
За него била распишана Централна потерница за издржување на казна затвор од една година и шест месеци, во врска со чл.236 од Кривичен законик, информира МВР.
М.Н. е предаден во Полициска станица Драчево за понатамошна постапка.