По повеќемесечна истрага, полицијата и обвинителството спроведоа претреси на повеќе локации
Во координирана акција на Основното јавно обвинителство Скопје и МВР денеска се извршени претреси на повеќе локации во Скопје и Куманово. Уапсени се неколку лица и е запленето значително количество амфетамин.
Акцијата е резултат на повеќемесечна предистражна постапка. Во рамките на која беа применети посебни истражни мерки. Со цел идентификација и неутрализирање на криминалната структура инволвирана во трговија со дрога.
Како што информираат од Обвинителството, активностите се водени под директен надзор на јавен обвинител. Полициските екипи дејствуваа паралелно на неколку критични локации, при што пронашле и одзеле поголема количина синтетичка дрога – амфетамин.
Надлежните институции најавуваат дека дополнителни информации за бројот на приведени, видот и количината на запленета дрога, како и детали за понатамошните постапки ќе бидат објавени по целосно завршување на оперативната акција.