Мажот кој во понеделникот избоде три жени во Париз повеќе не се наоѓа во притвор, откако обвинителството одлучи да ја укине мерката поради неговата психијатриска состојба.
Француското обвинителство соопшти дека здравствената состојба на осомничениот е оценета како некомпатибилна со притвор, поради што во вторникот му била укината мерката.
Осомничениот бил уапсен непосредно по нападот што се случил во северозападниот дел на Париз во понеделникот наутро. Според обвинителите, при апсењето давал неповрзани изјави.
Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез уште во понеделникот изјави дека мотивот за нападот останува нејасен токму поради неповрзаните изјави на осомничениот. Иако се верува дека тој страда од неспецифицирани ментални нарушувања, дел од медиумите објавија дека тврдел оти „Алах му наредил“ да ги нападне жените.
Обвинителството информира дека проверката на неговото минато покажала оти бил психијатриски пациент, но не бил познат на полицијата.
Во нападот беа повредени три жени на возраст од 19, 24 и 36 години. Според последните информации од обвинителството, состојбата на двете најтешко повредени жртви, кои првично беа во критична состојба, сега е стабилна. Третата повредена, која е во осмиот месец од бременоста, останува на болничко лекување, но нејзината состојба не е животозагрозувачка.
