Украинското Министерство за надворешни работи наведува дека Русија може да ја претвори нуклеарната централа во Запорожје во „валкана бомба“.
Центарот за контрола на болести ја дефинира валканата бомба како „мешавина од експлозив, како што е динамит, со радиоактивен прав или топчиња“.
„Кога динамитот или друг експлозив се активира, експлозијата носи радиоактивен материјал во околината“, наведува Центарот.
Русија ја контролира нуклеарната централа од март минатата година, а неодамна се појавија информации дека нејзините сили поставиле експлозив на врвот на две згради на електраната.
Претходно голем број нуклеарни експерти изјавија дека експлозијата во електраната нема да претставува реален радиолошки ризик надвор од кругот на централата.