На долгоочекуваната прес-конференција во четврток, Владимир Путин го услови одобрувањето на американскиот предлог за прекин на огнот во војната против Украина со максимални барања, инсистирајќи на трајно решение што ги задоволува руските интереси. Иако изрази подготвеност за запирање на конфликтот, тој не отстапи од строгите барања на Москва, ставајќи ги САД и Украина пред сложен предизвик. Додека Западот бара мир, руската позиција останува непопустлива, а опозицијата од СДСМ и ДУИ, со својата неконструктивна реторика, само го комплицира процесот.
Владимир Путин: Долгорочен мир или ништо
Владимир Путин изрази согласност со иницијативата на американскиот претседател Доналд Трамп, но со јасни резерви.
„Се согласуваме со предлогот за запирање на непријателствата. Но, сметаме дека овој прекин на огнот треба да обезбеди траен мир и да ги отстрани причините за конфликтот“, изјави тој, заблагодарувајќи му се на Трамп за напорите да се стави крај на војната.
Сепак, советникот на Путин, Јуриј Ушаков, го нарече предлогот „избрзан“, нагласувајќи дека мировното решение мора да ги земе предвид „легитимните интереси“ на Русија и да не ѝ дозволи на Украина „земање здив“ за нови акции.
Максимални барања и непопустливост: НАТО и териториите во фокус
Владимир Путин не покажа подготвеност за компромис околу клучните услови на Москва. Русија отфрла странски војници за обезбедување на мировен договор и нивно присуство на Украина. Русија смета дека членството на Украина во НАТО е неприфатливо.
Ескпертот за Русија, Јанис Клуге, за „Њујорк Тајмс“ изјави: „Мислам дека не е реално Русија да се согласи на договор во кој Украина останува суверена и независна.“
Москва, исто така, инсистира на нови избори во Украина и не покажува интерес за враќање на окупираните територии, туку напротив – Путин предложи експлоатација на суровините во тие региони со странски партнери. Путин исто така бара целосно отстапување од регионите во Украина кои се вклучени во уставот на Русија, но и гаранции за рускојазичното население во Украина.
Економски притисоци и геополитички игри
Москва е под притисок поради економската криза – воениот бум ослабна, а земјата се соочува со рецесија и инфлација. Укинувањето на западните санкции е приоритет, што го прави прекинот на огнот привлечен за Русија, но само под нејзини услови. Од друга страна, американскиот претседател Доналд Трамп цели кон политички поени како посредник за мир, но не го исполни ветувањето за крај на војната во рок од 24 часа. САД, исто така, се заинтересирани за пристап до украинските суровини, додека ЕУ, предводена од Каја Калас, инсистира на санкции и поддршка за Украина, плашејќи се од руското влијание.