Прекинот е поради водоводен приклучок на „Демир Трајко“ 51

Утре, од 09:00 часот, корисниците од улиците „Демир Трајко“ и „Партизанска“ (крак 1, 3, 5, 7, 9 и 11) нема да имаат вода, информираат од ЈП „Водовод и канализација“.

Причината за прекинот е изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на адресата „Демир Трајко“ 51.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности, а граѓаните се замолуваат за разбирање и трпение.