Семејството, роднините и пријателите на малата Јана од битолско Кравари, која почина минатата недела во битолската болница утре ќе излезат на протест под мотот „Правда за Јана“, „Сите сме Јана“.
Протестот е закажан за 19 часот на плоштадот „Магнолија“ во Битола
Според објавите на социјалните мрежи целта на протестот е да се насочи вниманието за состојбите во македонското здравство, вината да не се насочува кон родителите, туку одговорноста да се бара на вистинското место.
Јана почина минатата недела на Детското одделение во битолската болница каде била донесена со симптоми на настинка и повраќање.
Семејството се сомнева во грешки во лекувањето, додека Државниот санитарен и здравствен инспекторат, соопшти дека нема грешки во лекувањето на Јана и дека без оглед на примената инфузија и високиот шеќер во крвта, Јана починала од застој на срцето.
Се уште не се готови резултатите од обдукцијата којашто треба да ја утврди вистинската причина за смртта.