Со последните бројки, како што соопшти Министерството за здравство, 53 проценти од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 29 посто од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.
Вакцинацијата, посочија од Министерството, се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација.
Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.
– Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата, наведуваат од МЗ.