Тој се осврна на Александар Филиповски за Аеродром, Смилевски за Бутел, Темелковски за Кисела Вода и Герасимовски за Центар. Освен скопските општини тој се зборуваше за кандидатот на Штип и Битола. Тој донесе документи преку кои го демонтрираше криминалното досие на кандидатите на СДСМ.
Тој најмногу зборуваше за кандидатот во Општина Аеродром, Александар Филиповски.
– Син на олигархијата кој остави 300.000 луѓе без работа сега е кандидат за градоначалник на Аеродром, рече Николоски.
Николоски рече дека Александар Филиповски е син и внук Благоја и Илија Филиповски. Тој вели дека тоа се лица кои што постарата генерација ги памети по тоа што беа главни во приватизацијата и затворањето на фабрики во Македонија. Беа првите двајца кои што изградија хациенди на Водно надвор од она што комунистите го поделија на функционерите. И беа синоним за таа транзиција која што се случуваше тогаш.
– Во исто време фирмата која што е во нивна сопственост „Техно Комерц“ има добиено 15 милиони евра тендери од 2017 –та до 2021 година и тоа од Владата на Зоран Заев. Со тоа што од 2020 и 2021 појачуваат до 2020-та се три милиони, а најверојатно кога се договориле дека ќе го кандидираат, им дале уште 10.7 милиони евра. Значи син на олигархијата која што остави 300.000 луѓе без работа во Македонија сега се натпреварува за Аеродром, нагласи Николоски.
Во продолжение може да го погледнете видеото:
Александар Николоски ја откри вистината за кандидатите на СДСМ
Во вечерашното гостување на „Само интервју“ потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски зборуваше за позадината на кандидатите на градоначалници од СДСМ. Тој се осврна на Александар Филиповски за Аеродром, Смилевски за Бутел, Темелковски за Кисела Вода и Герасимовски за Центар. Освен скопските општини тој се зборуваше за кандидатот на Штип и Битола.
Posted by Радио Лидер on Thursday, 7 October 2021
Николоски додаде дека тука е и синот на еден од двајцата директори кои што го пропаднаа „Жито Лукс“, сега е кандидат за Бутел. Или синот на Зоре Темелковски за кој што не треба да зборува многу е кандидат за Кисела Вода. Пописот е актуелен, еве наместениот попис од 2002 година беше со потпис на Дончо Герасимовски, кој што е татко на актуелниот кандидат за градоначалник на Центар.
– Затоа ќе бидат поразени на изборите, заклучи Николоски.