СДСМ очигледно не знаат кај тераат по големиот изборен дебакл, па со црна кампања се обидуваат да наштетат на изборниот противкандидат и веќе извесниот победник ВМРО-ДПМНЕ. Во скандалозна изјава од трибините на ВМРО-ДПМНЕ, Славјанка Петровска вели дека ВМРО-ДПМНЕ и тогаш, во 2001-та и денес, цело време сака да направи војна.
Во продолжение може да ја погледнете изјавата на Петровска.
Првиот човек на ЦУК и лидер на Достоинство жестоко реагираше. Изјавата ја опиша како неодговорна, а даде и историска ретроспектива на тогашните случувања:
Крајно несериозна и уште повеќе неодговорна е изјавата на министерката за одбрана Славјанка Петровска во која тврди дека бранителите во заседата кај Вејце загинале затоа што ВМРО ДПМНЕ во 2001 година но и денес посакувало војна. Колку за потсетување војната во 2001 ја започна т.н. ОНА или УЧК која во своето комунике број 4 јасно кажа дека нивна цел е ослободување на вековните албански огништа од славомакедонскиот окупатор. Со оглед дека вооржените дејствија се одвиваа во тетовскиот, скопскиот и кумановско – липковскиот регион се доаѓа до логичен заклучок дека според УЧК оваа територија е нивна а тие за да ја ослободат започнаа со напади и убивања на припадниците на македонските безбедносни сили а подоцна и на цивили Македонци. Впрочем и тогашниот генерален секретар на НАТО Џорџ Робертсон најдобро опиша со кого си имаме работа дефиниријаки ги УЧК како убијци и разбојници. Значи министерке Петровска, не ВМРО ДПМНЕ туку Али Ахмети и УЧК започнаа долго и внимателно подготвувана војна за да отцепат дел од македонската територија. Но ние, македонските бранители од 2001-та, тоа не им го дозволивме. Не дозволивме да биде отцепена ниту педа македонска земја, пишува Ангелов.