Проектот влегува во финална фаза

Изградбата на автопатот Охрид–Кичево се одвива со засилена динамика и веќе е во завршна фаза, соопшти премиерот Христијан Мицкоски.

„Изградбата на автопатот Охрид-Кичево влегува во својата завршна фаза и напредува со одлична динамика“, изјави Мицкоски.

Тој додаде дека државата постепено ги решава наследените инфраструктурни проблеми.

Завршена првата галерија и напредок на терен

Според премиерот, првата галерија од вкупно 14 е целосно завршена и асфалтирана, што претставува еден од покомплексните делови на трасата.

„Првата галерија од вкупно 14 -те е целосно завршена и асфалтирана, вистинско инженерско чудо, кое бара врвни градежни решенија, особено поради сложениот планински терен низ кој минува трасата на автопатот“, истакна Мицкоски.

34 километри веќе во употреба

Мицкоски посочи дека 34 километри од автопатот се веќе пуштени во сообраќај и се користат секојдневно од граѓаните.

„Веќе 34 километри од автопатот се ставени во функција со кои постигнавме највисоки стандарди за безбедност и квалитет и кои секојднево се користат од граѓаните“, рече премиерот.

Тој порача дека Владата останува посветена на завршување на целиот проект во предвидениот рок.

Ова не е само проект, ова е автопат кој ги поврзува граѓаните, создава нови можности за стопанството, туризмот и целокупниот економски развој на државата.