Од обвинителството во Белград за „Телеграф“ изјавиле дека момчето се испрашува за три дела за полово вознемирување на територијата на општина Раковица и два дела за полово вознемирување во општина Чукарица.

Од обвинителството наведуваат и дека од петте вознемирени девојчиња, едната е постара од 14 години, додека другите се помлади, што претставува и потешка правна квалификација.

– Три девојчиња го препознаа, соопштиле од обвинителството, истакнувајќи дека по сослушувањето, на 19-годишникот ќе му биде одреден притвор.

Во јавноста претходно се појавија две одделни снимки на кои се гледа како млад човек ги слекува панталоните пред две девојчиња.