Директорот на Царина, Бобан Николовски утрово беше гостин во Радио Лидер.

Царинската управа на Република Македонија во последните 7-8 месеци докажува дека не соработува со никого, дека нема хипотеки према никого и фактите тоа го покажуваат, започна Николовски.

Тој за нашето радио презентираше дека е забележана голема разлика во однос на 2023 година.

Ако ги гледаме фактите од два апсекти може да забележиме дека има енормни бројки во позитивна смисла. Имаме зголемување на се што се подразбира оперативно работење, а од друга сртана во однос на полнење на буџетот. Минатата година сме наплатиле 121 милиони евра повеќе во однос претходната 2023 година, рече Бобан Николовски за Радио Лидер.

Целата емисија погледнете ја во продолжение:

Инаку, претходно во брифинг со новинарите Николовски соопшти дека се забележува разлика. Во втората половина од 2024 година Царинската управа наплатила над една милијарда евра приходи. Притоа приходите од царина бележат раст од 13,8%, од акциза за 8,9%, а од данок на моторни возила за 20%. Бројот на случаи на заплени при откриени сторени прекршочни и кривични дела е зголемен за повеќе од 100% во однос на истиот период 2023 година.

Имајте ја предвид последната заплена на дрога 188,6 килограми. Тоа е непобитен доказ дека Царинската управа повеќе нема хипотеки кон никого, рече Николовски и потенцираше дека има двајца притворени преку кривичната постапка.

Николоски таа акција ја опиша како „школски одработена акција“.

Некој мора да тргне и да ја менува свеста на царинските работници. Од моментот на облекување наутро на царинска униформа да се сфати дека тоа е државна униформа на царински службеник на Република Македонија и во тој царински службеник сите граѓани ќе го гледаат лицето на Македонија. Тој момент веќе почна да дава резултати – но можеме уште и повеќе да работиме, рече Николовски.