Бајден го затече Ердоган неподготвен, како што се гледа на снимките од нивната кратка средба пред почетокот на самитот. Турскиот претседател седеше на масата подготвен да го критикува Бајден за неодамнешното признавање на масакрот врз Ерменците како геноцид.
Како што пренесе „Њујорк пост“, Ердоган седел зад масата, без маска, кога Бајден му пришол и му понудил стисната тупаница за да се „чукнат“, фаќајќи го неподготвен за реакција.
Ердоган немал друг избор освен да застане и да го поздрави Бајден – двајцата лидери се поздравија и поразговараа.
-Киселата насмевка на турскиот лидер зборува за себе, додека изразот на лицето на Бајден не може да се види поради маската, пренесуваат американските медиуми.
Подоцна, тие ги зазедоа своите места поради формалната средба, но набрзо беа објавени снимки од нивниот необичен поздрав.