На вчерашниот бараж натпревар во Струмица каде победа забележа екипата на скопски Вардар над Детонит Плачковица од Радовиш за многумина фудбалот остана во втор план.
Последните 20 минути откако веќе извесно беше дека екипата на ФК Вардар ќе обезбеди опстанок во Прва лига и дека истата повторно ќе игра во најелитната фудбалска лига, популарните „Комити“ направија атмосфера за паметење. „Бисер Балкански“, „Заветна“, „Ја излези Ѓурѓо“ беа само дел од патриотските песни кои ечеја на трибината кај вардаровите навивачи. Освен нив, оваа песна ечеше и од останатите трибини каде имаше многу радовишани и струмичани.
Понекогаш зборовите не можат да го опишат амбиентот, па затоа во продолжение ви го пренесуваме видеото:
Екипата на ФК Вардар обезбеди победа со 2-0 и оваа екипа затоа следната година повторно ќе игра меѓу најдобрите 12 во Прва лига.