За главен наркобос во Грчец се смета Шеваљ Муареми. Тој веќе подолго време е избеган од Македонија и се наоѓа во Шпанија. Сознанијата се дека, нарко групата која е главна во трговијата со кокаин тој ја контролира одд плажите на оваа прекрасна медитеранска земја.

Шеваљ таму е од 2019 година, што може да се види и на социјалната мрежа instagram, каде сопругата на познатиот фудбалер на Барселона, Леонел Меси, постираше видео од забава на плажата. На видеото се гледа, како познатиот скопски наркобос седи до Меси на забава.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @queen.anto

Групата на Муареми се поврзуваше и со пукањето во Александар Палас од 2018 година. Но од тогаш него му се губи трагот.

На фотографија со Шеваљ може да се забележи и Агим Рустеми, вработен во кабинетот на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Ова значи, дека лице во највисоките органи на МВР било во комуникација со врвот на пирамидата во трговијата со дрога.

Инаку, лица на врвот на  групата во Грчец беа забележани на маса во друштво на министерот Оливер Спасовски и Вице Заев. Од Спасовски и Заев се уште нема одговор на фотографиите, а претседателот Стево Пендаровски одговори дека тој не ги познавал овие луѓе.

-Претседателот Пендаровски лично не се познава со лицата од посочената фотографија. Како што може да се види, претседателот не е седнат во друштво на посочените лица, туку е фотографиран стоејќи, на нивно барање. Поради тоа, Кабинетот на Претседателот отфрла било каква поврзаност на претседателот Пендаровски со лицата вклучени во случајот. – рекоа од кабинетот на Пендаровски.

Сепак, реакцијата од кабинетот е порака до Оливер Спасовски и Вице Заев кои на маса седеле со овие луѓе. Пендаровски индиректно побара одговорност и истрага за Оливер и Вице.