Денеска Артан Груби е во посета на Косово каде дискутира со косовскиот државен врв за пописот кој ќе се одржи во Македонија. Оваа тема се разговараше и во утринскиот подкаст „Утро со Златев“, а пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески остро се спротивстави кон Груби.
На прашање од новинарот Златев „Што бара во Косово тема на официјална средба да биде пописот во Македонија“ Јаулески даде сопствен одговор.

– Ни јас не гледам што има Косово да бара во внатрешната политика на Македонија, но тоа е поради анемичноста на оваа власт, рече Јаулески.

Јаулески жестоко по Груби кој отиде на Косово: Тој е иредентист!

Исечок од гостувањето на Јаулески на Радио Лидер

Posted by Радио Лидер on Thursday, 18 March 2021

Додаде дека во претходниот период сме биле сведоци на други мешања во внатрешната политика на Македонија, а како пример ја посочи картата на Голема Бугарија на Каракачанов. Вели дека ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи такво однесување. Свое мислење кажа и за Артан Груби.

– Господинот Груби не би сакал да го коментирам. Тој за мене е докажан иредентист и националист којшто овие потези ги прави за политички поени. Го видовме неговото дејствување на скопското кале кога ја нападнаа навивачката група „Комити“, рече Јаулески за Радио Лидер.