Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски на својот Фејсбук профил постави видео во кое ја бара поддршката во недела за нивниот кандидат за градоначалник на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

-Во недела сите заедно да ги донесеме промените во Ѓорче. Заокружете број 7️⃣, за модерно, убаво и хумано Ѓорче! Александар Стојкоски е новиот градоначалник на нашето Ѓорче Петров, напиша на Фејсбук, Мисајловски.