Премиерот Христијан Мицкоски при денешната посета на Јегуновце изјави дека досега се идентификувани околу дваесетина лица за кои постојат основани сомневања дека стојат зад подметнувањето на пожарите.
– Видовте утрово, се појави снимка како се случува подметнување пожар во Пинтија. Видовте како дрско се подметнува пожар и тоа е само уште еден доказ за тоа што го зборувам цело време – истакна Мицкоски, додавајќи дека постојат центри на моќ кои се обидуваат да внесат страв и паника кај граѓаните пред изборите.
Погледнете го видеото од пожарот во Стаклара каде фатени се на дело потпалувачите кои опожарија неколку возила.
Тој нагласи дека е во постојана комуникација со градоначалникот на Општина Кисела Вода, со министерот и со луѓето од Противпожарната единица. Во меѓувреме, во Скопје заседаваат врвните структури на МВР и во координирана акција со Министерството за животна средина ќе се постапува во следните денови.
– За жал, има структури кои на ваков начин се обидуваат да внесат нестабилност и немир, но ние чесно ќе работиме, ќе се бориме, и на крај повторно ќе победиме – изјави премиерот.
На истава тема утрово за Радио Лидер зборуваше и Орце Ѓорѓиевски.
(ВИДЕО) Ѓорѓиевски за Радио Лидер: Нелуѓе се подготвени да загрозат животи за политички поени