Авионот АВАКС на НАТО прелета над Скопје со цел да демонстрира како се изведува мисијата на Алијансата за воздушно патролирање над Македонија.
АВАКСОТ слета на скопскиот аеродром, додека предвидено е да слетаат и два авиона Ф-16 околу 15 часот.
Со овој настан се одбележува официјалното вклучување на воздушниот простор на Македонија во системот на НАТО за воздушно патролирање.