Со донација од Министерството за транспорт и Светска банка во вредност од 4,2 милиони евра, обезбедени се 49 специјализирани возила и механизација за одржување на комуналната хигиена, објави вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

-Опремата е наменета за општините и планските региони, со цел подобро, и навремено одржување на јавните површини и комуналната инфраструктура.
Се набавија возила за:
✅ Скопје и Скопскиот плански регион
✅ Куманово и Североисточниот плански регион
✅ Прилеп
✅ Струмица
✅ Штип
✅ Охрид
✅ Тетово
✅ Неготино
✅ Кичево
✅ Дебар
✅Велес
♻️ За почисти општини и подобри услуги за граѓаните, истакна Николоски.