Пожарот избувна по полноќ во зграда на Делчево
Во ноќните часови, околу 00:20 часот, пожар го зафати стан во станбената зграда „Брод“, лоцирана на Булевар Македонија во Делчево. Станот целосно изгорел, а иако за среќа нема повредени, едно лице било пренесено во Општата болница во Делчево од страна на екипа на Итната медицинска помош, каде му бил извршен понатамошен преглед.
На местото на настанот интервенирале три противпожарни возила, заедно со екипи од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Делчево, како и припадници на полицијата. Според извори од ТППЕ Делчево, пожарот бил целосно изгаснат до 01:30 часот по полноќ.
Се слушнала силна експлозија, сведочат граѓаните
Локалните медиуми, повикувајќи се на очевидци, пренесуваат дека пред избувнувањето на огнот, била слушната силна експлозија. Во моментов нема потврдени информации за причините на пожарот. Надлежните институции најавуваат дополнителни детали во текот на денот.
Извор: СкопјеИнфо