Тоскана денеска беше погодена од силен дожд проследен со силен ветер. Според медиумите околу 1.200 жители се евакуирани. Најтешко беа погодени провинциите Прато и Пистоја. Реката Бизенцио и помалите потоци се излеале од коритата и ги поплавиле околните села, пренесе Слободен Печат.
