Спортскиот коментатор Тони Стојановски, кој е нов главен и одговорен уредник на каналите на „Арена спорт“ во Македонија, утрово гостуваше во емисијата на Радио Лидер.
Стојановски откри детали за новите спортски канали, преносите од тековното Светско првенство, како и за програмата што се подготвува во следниот период. Гледачите ќе може да следат врвни спортски натпреварувања, меѓу кои Премиер лигата, Формула 1, кошаркарски натпревари и други значајни спортски настани.
Тој објасни и зошто премиум каналите на „Арена спорт“ во Македонија се емитуваат исклучиво со коментар на македонски јазик.
Погледнете го видеоисечокот од утринското гостување во Радио Лидер.
Погледнете ја целата емисија:
