Денеска работата во српското Собрание накратко беше прекината, бидејќи по вербален судир меѓу опозицијата и претседателот на Србија, Алексадар Вучиќ, речиси дојде до физичка пресметка.

Во еден момент станаа пратеници на Нова ДСС и Народна партија, а пред нив застанаа пратеници на Српската напредна партија, па дојде до туркање меѓу нив.

Вучиќ по неколку минути продолжи да зборува и да ги повикува Србите од Косово да слушнат дека опозицијата не се грижи за нив, а опозиционерите продолжија да извикуваат пароли за предавство.

 

 

Вучиќ неколку пати ги нарече кукавици и хулигани и додаде дека е среќа што „такви кукавици не ја водат Србија“.

Вучиќ во почетокот на седницата рече дека не смее да го покаже француско-германскиот план за Косово, што од него го бараат опозициските партии, туку зборуваше што во него е неповолно за Србија.

Тој повтори дека претставниците на европско-американската дипломатија го предупредиле дека во случај на одбивање да се работи на планот, европскиот пат на Србија ќе биде прекинат, како и дека ќе се стопираат новите и веќе постоечките странски инвестиции.