На дневен ред меѓу други точки е Информацијата за учеството на Република Македонија во Заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, во периодот 1 јануари – 30 јуни 2021 година.

Како што соопшти владината прес-служба, на дневен ред на редовната седница е и Предлог-годишниот извештај за учеството на припадници на Армијата и вработените во Министерството за одбрана во хуманитарни операции, меѓународни операции и во НАТО-мисии.

За заклучоците и одлуките од денешната владина седница јавноста ќе биде информирана по нејзиното завршување.