Денес требаше Арсовска да излезе и да понуди решение, но таа два дена смислувала што да излаже, обвинија од ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение соопштението од партијата

На сите прашања што се однесуваат на ВМРО-ДПМНЕ одговорот е НЕ.

Е сега кога сме кај прашањата:

Дали на средбата Арсовска Ковачевски е договорено провизија, наместо попуст?

Зошто во договорот за нафта со Пуцко Петрол нема ниту еден процент попуст, а во сите претходни има. Од Костовски, преку Трајновски до Шилегов.

И дали е точно дека бугарски автобуси треба да вршат јавен превоз како замена за тековниот?