ДКСК да не чека, Ацевски е фатен жив како плаќа транспорт на битумен 10 пати поскап од нормала, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Костадин Ацевски, во име на ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта потпишал договор за набавка на битумен, во кој цената за транспортот која е фиксен дел од договорот е 10 пати поскапа од цената која ја плаќа ЈП улици и патишта, каде директорот не е од редовите на криминалната СДСМ. Ацевски за транспорт на еден камион битумен плаќа 12.000 евра. Ист таков транспорт други претпријатија плаќаат 1.200 евра. Односно тоа што Ацевски ќе го плати за еден камион, други претпријатија го плаќаат за десет, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ ја повикаа ДКСК да не чека и да ги истражи сите околности во оваа набавка, почнувајќи од тоа што никој друг не се пријавил на вака доходовен тендер, завршувајќи со заклучената цена.