Во цела 2020 година во Македонија влегле само 274 милиони евра странски инвестиции, пари од кои дел се и реинвестиции на веќе постоечки капацитети. Наспроти тоа во истиот период во Србија влегле 3.44 милијарди евра странски директни инвестиции, или 15 пати повеќе од Македонија.

Србија има 3 пати повеќе население од Македонија и нормално е нивото на инвестиции да е поголемо од 2-4 пати, но во ситуација кога истото е 15 пати, тогаш е очигледно дека владата е дебакл.

Македонија е на дното на регионот по влез на странски инвестиции. Пред нас е и Црна Гора, која е три пати помала држава по население, а има дупло повеќе странски инвестиции во висина од 529 милиони долари.

Пред Македонија е и БИХ со 371 милиони евра странски директни инвестиции, а далеку пред нас се Хрватска со 1.3 милијарди евра и Албанија со 1.1 милијарда евра странски директни инвестиции.

Очајно ниското ниво ма странски инвестиции во земјата говори дека инвеститорите не и веруваат на владата, политичката состојба и економските политики кои ги води СДСМ.

Време е да ставиме крај на поделбите и лошите политики на Заев и СДСМ. Македонија за сите луѓе!, се вели во пратиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.