Од партијата изјавуваат дека веќе е деветти ден како Заев требаше да биде заминат, а тој наместо да си поднесе оставка се крие.
-И додека се крие Заев, луѓе околу него, и тој лично вршат притисоци врз пратениците кои ја рушат владата. Притисоците на Заев не даваат плод, народот веќе еднаш ги порази неговите притисоци на 31 октомври, ќе ги порази пак. Колку повеќе СДСМ притиска и се заканува, толку повеќе народот се разгневува и казната и падот ќе бидат политички фатални за СДСМ. Ги повикуваме и пратениците од СДСМ кои не се согласуваат со политиките на Заев, со криминалот, корупцијата и рекетот на една тесна клика која ја заробила и нивната партија, да се охрабрат и да изгласаат недоверба на владата, се наведува во партиското соопштение.
-Време е државата да се ослободи од Заев и тесната клика околу него која го држи целиот систем во заложништво, велат од партијата.