Нивното соопштение ви го пренесуваме во целост:

ЈО да отвори случај за потекло на имотот на Шилегов! Кој е рецептот какo се стига до 4 стана хациенда во Маврово и зграда во Тафталиџе?!

Како со обична чиновничка плата од 1.000 евра Шилегов доаѓа до милионски имот, и станува најбогат градоначалник на Балканот?!

Шилегов да го каже рецептот како до 4 стана, цела зграда во Скопје и хациенда во Маврово.

Граѓаните цел живот работат за еден стан или куќа, а Шилегов за краток период стекнал имот за кој на секој друг граѓанин ќе му требаат неколку животи.

Што крие најбогатиот градоначалник на Балканот во најсиромашниот главен град на Балканот?

Дали зградата на Шилегов е градена од работници од јавните претпријатија со кои раководи Шилегов?

Дали зад милионскиот имот се кријат злоупотреби на јавни добра?

ЈО веднаш да отвори истрага и да го испита потеклото на имот на Шилегов.

Тик так… Петре времето полека ти поминува. Време е за одговори, а и за одговорност.