Единствена улога на Ковачевски е да го штити криминалот на Заеви.

Во интервјуто вечерва Димитар Ковачевски ги ветува истите работи кои ги ветуваше неговиот шеф Зоран Заев пред да дојде на власт.

Доколку Ковачевски не сака да е пиун, уште во првите 100 дена треба да има истраги за Зоран, Вице и Трајче Заеви. Доколку тоа не го направи тој ќе се покаже дека е нивен заштитник.

Пиунот Ковачевски е еден од причинителите на енергетската и економската криза. Стандардот на народот секојдневно опаѓа и затоа виновен е Ковачевски кој цел изминат период беше заменик министер за финансии.

Додека граѓаните едвај врзуваат крај со крај, однародената власт на заевизмот троши народни пари за позлатени чинии и нов прибор за пиунот Ковачевски.

Новиот прибор за јадење на пиунот Ковачевски е во вредност од 37 илјади евра.

Ковачевски не може да ја подобри економската слика, со него ќе биде само полошо.

Ковачевски ќе биде пиун на Заев се додека Зоран, Вице и Трајче се на слобода, додека луѓе како Љупчо Николовски и Оливер Спасовски се дел од неговата нова Влада.