– Ова го покажува искуството бидејќи таквото воодушевување на Артан беше сеприсутно и кон владите и премиерот на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа освен што покажува дека Артан Груби дека е непостојан во ставовите, упатува и на тоа дека Груби нема никаков проблем со себе да ги менува ставовите, посочуваат од партијата.
Оттаму велат дека она што сега е различно, е присуството на страв кај Заев и Груби.
– Причината за тоа е поразот кој им следи, а тоа значи финален крај на нивните криминални кариери, смета ВМРО-ДПМНЕ.