Тезите кои ги ширеа СДС преку нивни канали за наводна куќа на претседателот Мицкоски од милион евра се чиста лага, тоа го потврди судот. Изворот на тие лажни вести и клевети изгуби спор на суд, до толку се големи лагите на СДС што ни нивното судство не ги пере.
СДС со денови ширеше лаги за наводниот имот на претседателот и ја манипулираше јавноста, исто како и многу пати порано, за наводни хидроцентрали и бизниси, за кои исто така изгубија на суд.
СДС сее магла и шири лаги, целото работење на партијата во последните години е ставено во функција на оцрнување на претседателот Мицкоски со груби манипулации и тешки измислици.
Лагите се толку провидни, што и сопственото судство не може да им ги одбрани.
Откако се докажа дека СДС е партија која е осудена дека е извор на клевети и лаги, потребно е да се извини за манипулациите и црните кампањи. Треба секоја информација продуцирана од СДС и нивните платени канали да се земе со огромна резерва.СДС се прочитани. Деструктивните политики на лаги и клеветење се депласирани и прочитани од граѓаните.