Растат платите само на најбогатите, а тие со средни и ниски примања се борат за живот.
Економските политики на СДСМ дадоа резултат, со тоа што над 60.000 граѓани останаа без работа.
Економските политики на СДСМ затворија над 6.200 фирми.
Економските политики ја турнаа државата во рецесија, а над 500.000 граѓани преживуваат со едвај стотина денари на ден.
СДСМ постојано го критикуваше ВМРО-ДПМНЕ дека ја презадолжува државата а притоа долгот беше околу 45% од БДП. А, денес со „успешните” политики на СДСМ долгот е 62,5%. Од 2006 до 2016 зголемувањето на јавниот долг е за 2,9 милијарди, но во исто време додадената вредност било 4,2 милијарди раст на БДП. Во време на владеење на СДСМ државата има зголемување на долгот за 2,5 милијарди, а растот на БДП од 1,8 милијарди односно имаме минус.
Со економските политики на СДСМ во Македонија има рекордно низок процент на реализација на капитални инвестиции и никој не знае каде завршија овие пари. Ништо не се гради, а долгот на Македонија расте.
Едноставно СДСМ нема концепт за економски реформи.