– Учебната година на Царовска како министер ај што почна со доцнење од еден месец, ај што немаше ништо од помпезно најавуваната национална платформа за онлајн учење, ај што ги лажеше граѓаните за наводен фински концепт за да го оправда укинувањето на историјата како посебен предмет, ај што диктаторски се обидува да наметне антиреформи и измени на закони, спротивно на мислењето на јавноста и експертите, на крајот на годината и се случи најголемиот скандал, додаваат од партијата.

Посочуваат дека оваа година наместо во јуни свидетелства ќе се делат до почетокот на идната учебна година.

– Како ја почна учебната година, Царовска така и ја заврши, со тотален дебакл. Да биде скандалот поголем дел од училиштата им наплаќале да учениците за свидетелства, што е спротивно на законот кој предвидува бесплатно основно и средно образование и покажува дека некој прави бизнис на сета мака на учениците и родителите кои ја видоа оваа година со неспособната власт на Заев и катастрофалната Царовска. Нема свидетелства, нема пасоши, нема регистарски таблици, нема возачки дозволи, нема ништо за граѓаните. Граѓаните станаа граѓани од втор ред, а елитата на власт користи секакви привилегии. Тоа мора да престане, мора да победи концептот Македонија за сите луѓе, а ликовите како Заев и Царовска да понесат одговорност за своите политики, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.