Станува збор за вакцинирано лице кое немало контакт со првиот идентификуван носител на овој вирус на територијата на Белгија, кој не патувал сам во странство, туку имал контакти со некој што патувал.

Лекарите додаваат дека симптомите на инфекцијата кај оваа личност се благи.

– Досега имаме два потврдени случаи на омикрон во Белгија. Овие двајца пациенти не се поврзани. Бројот на заразени би можел да достигне 10 во следните неколку часа – изјави микробиологот Емануел Андре, одговорен за белгиската национална лабораторија за ковид-19.

Вчера, белгиските национални власти ги повикаа сите болници во Белгија веднаш да ги одложат сите итни третмани за две недели со цел да се ослободат креветите за пациентите со коронавирусот.Се проценува дека до 10 декември над 1.000 пациенти со Ковид ќе бидат на интензивна нега во белгиските болници. За две недели се одложуваат сите итни операции и активности кои користат интензивна нега, класични хоспитализации кои не користат интензивна нега, како и еднодневни хируршки интервенции кои не користат интензивна нега. Спасувачките операции и терапии како хемотерапија, дијализа или неопходна рехабилитација ќе продолжат како и досега.

– Извесно е дека приливот на пациенти ќе продолжи и во наредните недели. Тоа повеќе не можеме да го спречиме, а новите мерки ќе имаат ефект дури во наредниот период – предупредуваат белгиските здравствени власти.