Тоа го потврди во интервју за HRT, Сања Радовиќ, раководител на секторот за одржливо управување со отпад во хрватското Министерство за економија и одржлив развој.
– Она што новиот Закон за управување со отпад, што сѐ уште е во постапка, го донесува оваа година, е целосна забрана за лесни пластични кеси. Тие повеќе не ќе можат да се купат, нагласи Радовиќ.
– Новата мерка беше усвоена затоа што целите за намалување на отпадот не се постигнати во последните неколку години. Наместо пластични кеси, препораката е да користиме свои платнени кеси, додаде таа.