Моиз, 53-годишниот претседател на Хаити кој стапил на должност во 2017-та година, бил убиен во јули од огнено оружје во својата приватна резиденција, а неговата сопруга била ранета во тој напад, пренесува “Reuters”.

Група колумбиски платеници се сметаат за главни осомничени, иако досега никој не е обвинет ниту осуден во врска со овој атентат.

“Само што разговарав на телефон со турскиот министер, мојот пријател Мевлут Чавушоглу и и се заблагодарив на Турција за апсењето на Самир Хандал, еден од групата важни осомничени во истрагата за убиството на претседателот Моиз”, навел министерот за надворешни работи на Хаити, Клод Жозеф на Твитер.

Турските медиуми денеска пренесуваат дека Хандал, по кого е распишана црвена потерница на Интерпол, бил уапсен во транзит на аеродромот во Истанбул на пат од САД во Јордан, наведува “Tanjug”.