Се зголемува бројот на заразени со сојот омикрон.
Градоначалникот на Лондон Садик Кан прогласи вонредна состојба бидејќи бројот на случаи на заразени со вирусот корона рапидно расте.
– Многу сум загрижен поради зголемувањето на бројот на заразени и зголемениот број на приеми во болниците низ главниот град. Со прогласување вонредна состојба, лондонските агенции можат подобро да соработуваат. Ги повикувам сите граѓани да се вакцинираат и да земат бустер доза – напиша Кан на Твитер.
Во изминатите седум дена, градот пријави 65.525 случаи и забележа пораст од 29 отсто на хоспитализирани пациенти во истиот временски период.