Новата година ја започнуваме со уште една трансплантација на црн дроб, на бубрези и на коскени ткива.
Рано утрово на Хируршките клиники започна експлантацијата на органите, откако вчера попладне семејството на пациентка во мозочна смрт даде согласнот за донирање.
Нивната желба да подарат некому живот и здравје, денес донесе трансплантација на црн дроб, два бубрега и на коскени ткива.
Благодарност до семејството од мое име и од името на сите екипи кои во изминативе 24 часа работеа и продолжуваат да работат, истакна министерот за здравство д-р Беким Сали.
Тој истовремено искажа благодарност до сите медицински екипи кои изминатите часови работеа на подготовка на донорот, на реципиентите и во операциските сали.
Не радува тоа што се повеќе семејства се одлучуваат да ги донираат органите и да спасат некому живот.
Новата година ја започнуваме со акт на хуманост и добрина. Со надеж и верба, потенцира Сали.